Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Тони Коњановски е новиот градоначалник на Битола.
Иако не се преброени конечните резултати на сите 170 изборни места, Тони Коњановски, кој води со над 1600 глаосви, на прес конференција ја прогласи победата.
Неговата победа му ја честита и неговиот против кандидат Христо Кондовски.
-Денеска Битола победи. Како и во првиот, така и во вториот изборен круг граѓаните на Битола, гласаа за промени, за Битола, кои во изминатите 14 дена не подлегнаа на притисоците, изјави Коњановски.
Тој најави дека во наредните денови најави дека ѓе води интензивни преговори за формирање на Советот.