Конвој од неколку возила на Центарот за управување со кризи и Армијата на Македонија, под строги и организрани мерки на безбедност, натоварен со 1.600 парчиња неиспукани гранати тргна денеска од Битола за Криволак.
Над 12.000 бомби кои беа пронајдени за време на ископувањето на стадионот под “Тумбе Кафе“, во наредните денови ќе бидат транспортирани на воениот полигон Криволак, каде што ќе бидат уништувани.
Денеска за Криволак беа транспортирани 1.600 паричиња неиспукани артилериски гранати со калибар од 75 мм.
Ова е по втор пат пронајдените артилериски гранати да бидат транспортирани за Криволак, каде утре треба да бидат уништени.
Според зацртаниот план за уништување на бомбите, до крајот на годината ќе треба да бидат униптени вкупно 6.400 гранати, од вкупно 12-те илјади колку што беа пронајдени за време на изведбените работи кај стадионот “ Тумбе Кафе’
По денешниот транспорт акцијата продолжува по 15 јануари, а сите извадени околу 12.000 гранати ќе бидат уништени до крајот на месец февруари, велат од Центарот за управување со кризи.