Don't Miss
Home / Вести / Тумбекафе лежи на бомби

Тумбекафе лежи на бомби

                       

            Во Битола кај новата трибина на стадионот под Тумбе Кафе продолжува ископувањето на бомби.

            Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола продлжуваат со подигнување на пронајдените артилериски гранати од првата светска војна.

Заклучно со вчерашниот ден  извадени се 4.500 парчиња гранати, а како што велат се очекува таа бројка да се искачи и до 10.000.

Пронајдените гранати со возило во кое се товараат од 150 до 170 гранати, се носат во  магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување, а подоцна тие се уништуваат на полигонот на Криволак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*