Градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски беше домаќин на делегација од Сакарија, Р.Турција предводена од Г-дин Ахмет Копрулуоглу , сопственик на компанија за производство на гума и пластика стационирана во Сакарија, регион Мармара.
Градоначалникот Кузманоски ги запозна потенцијалните инвеститори со состојбата на индустриската зона во Новаци која е во напредна фаза на изградба .Изработена е локалната урбанистичка планска документација, во фаза е пренамена на земјоделското земјиште во градежно по што ќе следува урбанистичкиот проект за парцелација.Индустриската зона во Новаци ќе биде за изградба на лесна и незагадувачка индустрија.Во текот на 2022 година се очекува да се финишира со изградбата на комплетна инфраструктура водоводна и канализациона мрежа, изградба на улици и тротоари, улично осветлување како и поставување на сите неопходни инсталации и приклучоци.
Според Кузманоски голем е интересот на домашни и странски инвеститори поготово од Р.Турција за инвестирање и изградба на фабрики токму во индустриската зона во Новаци која во текот на 2022 година ќе ги отвори портите за сите оние кои сакаат да инвестираат во неа.Ќе се отворат нови работни места кои директно ќе влијаат на локалниот економски развој и зголемување на животниот стандард на сите граѓани во општина Новаци.
Инаку Копрулуоглу е генерален секретар на трговско-индустриската комора во Сакарија и сопственик на компанија чија основна дејност е производство на производи од гума и пластика , односно гумени душеци и постелнини за животни, гумени патосници за фарми за крави, коњи , патосници за дезинфекција и други производи.