Празникот 11 октомври беше последниот ден кој четириестегодишниот битолчанец В.А. го помина на слобода.
Истиот ден околу 10.30 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Полициската станица Битола, врз основа на судска наредба, го уапсија В.А.(40) од Битола за доиздржување казна затвор од една година и два месеци во Казнено-поправната установа во Прилеп.
Според битолската полиција, за В.А. била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор. В.А. со правосилна судска пресуда бил осуден на две години и седум месеци затвор.
Откако тој во затворот поминал една и пол година, избегал од затворот во Прилеп и бил недостапен за полицијата.