Don't Miss
Home / Вести / Угледниот српски неврохирург Лукас Расулиќ почесен конзул на Македонија во Златибор

Угледниот српски неврохирург Лукас Расулиќ почесен конзул на Македонија во Златибор

        Познатиот и реномиран српски неврохирург проф. др. Лукас Расулиќ , кој има потeкло од Битола, ќе биде почесен конзул на Р.С. Македонија во Златиборскиот округ во Србија.

Mакедонското МНР веќе испратило  до српското МНР барање за  согласност  проф. др. Расулиќ да биде назначен за Почесен конзул  во општина Чајетина (Златибор), каде ќе се отвори и Конзулат. Конзуларна надлежност на Почесниот конзул ќе биде Златиборскиот округ што ги опфаќа општините Чајетина, Ариље, Бајина Башта, Прибој, Пријепоље, Сјеница, Ужице, Пожега итн.

Инаку д-р Лукас Расулиќ е професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград и раководител на Одделот за хирургија на периферни нерви и функционална неврохирургија на Клиниката за неврохирургија при Клиничкиот центар на Србија.Професор Расулиќ има објавено повеќе од 400 научни публикации во меѓународни и национални научни трудови во индексирани списанија и поглавја во научни книги. Учествувал на над 80 меѓународни курсеви и обуки, поканет говорник на над 100 национални и меѓународни конгреси, состаноци и симпозиуми, организатор на повеќе од 40 национални и меѓународни конгреси, состаноци и симпозиуми и активен учесник на 175 меѓународни и национални научни состаноци – научно учество. Тој е и претседател на српското Здружение на неврохирурзи, претседател на Неврохируршкото друштво на Југоисточна Европа, индивидуален член на Европската асоцијација на невролошки хирурзи – ЕАНС итн.

Инаку, проф. д-р Лукас Расулиќ, има мајка битолчанка, па често е во посета на Битола кај своите роднини и  пријатели. Познат  по неговата хуманосот и ангжман за помош за лекување на наши сограѓани на клиники на поранешните ЈУ простри

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*