Улицата кај болницата “Плодност“ е целосно руинирана и раскопана.
Иако се наоѓа во делот на Битола, кој битолчани го викаат битолско Водно, улицата кај “Плодност“ веќе неколку месеци претставува голем проблем не само за пешаците, туку и за бројните возила
Таа веќе не е безбедна. Возилата едвај се разминуваат, а во голем број наврати за малку избегнале судири.
Откако изведувачите на реконструкцијата на вододвоната инсталација од “Жикол “ Струмица си заминаа таа едностао е оставена така.
Засега и по неколку мсеци од Општината никој не презема ништо или даја асфалтира или да ја закрпи улицата.
Тоа што е најлошо оваа улица претставува грда слика за Битола, бидејќи дневно во болницата “Плодност“ за прегледи или посети ,а во последно време за тестирање од ковид 19 доаѓаат огромен број возила од сите градови во државата: Прилеп, Ресен, Кавадарци, Струга, Охрид, Неготино… кои никако не можат да се изначудат зошто улицата е оставена во ваква состојба.