Засега непознати сторители во текот на ноќта го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола.
По забележаното оштетување, од страна на ЈП “Паркинзи“ веднаш ја известија полицијата, која изврши увид на лице место и почна потрага по непознатите сторители.
Со овој извршен вандализам, целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие „Паркинзи“ му е предизвиката штета од околу 5000 евра во денарска противвредност.