(Не)грижата за државниот имот како да стана наше секојдневие.
Во Битола има безброј објекти, сопственост на државата,кои се незаштитени и оставени да пропаѓаат.
Објективот на нашиот фоторепортер деновиве забележа дека Управната зграда на поранешното Детско одморалиште Пелистер, кај Аргирица е оставена на милост и немилост да пропаѓа.
Иако пред десетина години вработените во Детското одморалиште насила беа иселени од објектот бидејки наводно Општината Битола која го доби објектот од Министерството за труд и социјала истиот објект ќе го пренаменваше во детска градинка.оттогаш овој објект е едноставно заборавен и оставен да пропаѓа.
Откорнати врати, искршени прозорци, напуштени простории, влезна врата обрасната со трња… тоа е сликата која деновиве ја забележа нашиот фоторепортер кај Управната зграда на Детското одморалиште.
Таа е уште еден нем сведок за нашата негрижа кон државниот имот.