Don't Miss
Home / Вести / Уште еден посилен земјотрес ја стресе Македонија вечерва

Уште еден посилен земјотрес ја стресе Македонија вечерва

Земјотрес со јачина од 4.9 степени според Рихтер вечерва ја стресе Македонија предмалку во 22 часот и 17 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на 18 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.

Земјотресот беше на длабочина од 2 километри и беше почувствуван и во Скопје. Засега нема информации за материјална штета.

Инаку ова е втор земјотрес вечерва во Македонија. Претходно земјотрес со јачина од 3.7 степени според Рихтер ја стресе Македонија во 20 часот и 40 минути. Според податоците на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот беше на истото место или 14 километри југоисточно од Гостивар, во близина на село Србиново.

Земјотресот е почувствуван и во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*