Во детската градинка „Коца Василева“ во Битола уште една воспитувачка е позитивна на ковид-19. Таа наводно се заразила од нејзиниот сопруг, надвор од работното место.
Откако дознала дека нејзиниот сопруг е позитивен, таа од четвртокот не одела на работа и се самоизолирала. Во саботата тестовите потврдиле дека и таа и сопругот се позитивни на коронавирусот.
Поради ситуацијата, во консултација со епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Битола, одлучено е во домашна изолација да одат и 13 деца од нејзината група. Ова е втора воспитувачка од оваа градинка која е позитивна на вирусот.