Don't Miss
Home / Градска хроника / Усвоена програмата за спроведување превентивна дератизација во Битола

Усвоена програмата за спроведување превентивна дератизација во Битола

Советот на општина Битола ја усвои програмата за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем,  јавната депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта во општината за 2016 година.

Како што информираат од општината, целта на превентивната систематска дератизација е заштита на луѓето и животните од болести чии вектори се глодарите, одржување на хигиено-епидемиолошката состојба и создавање на пријатна и еколошки чиста животна средина.

Превентивната систематска дератизација ќе се врши во подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните канализациски шахти, канализациски систем на објекти од посебен јавен интерес, дератизација  на јавната  депонија „Мегленци”  која е е нотирана како објект со висок епидемиолошки ризик, потенционално жариште и извор на инфестација на градот со глодари и дивите депонии и ѓубришта во градот, како и дератизација на јавни  површини, отворени водотоци, каналски систем во населените места Горно и Долно Оризари, Кравари и Логоварди, информираат од општина Битола.

Програмата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, како јавна здравствена установа која во својата дејност го има следењето и контролата на хигиено-епидемиолошката состојба во регионот, како и контрола и спречување на појава и ширење на заразни заболувања.

Пролетната и есенската дератизација ќе се вршат на подземниот  канализациски систем во реони на градот каде степенот на инфестираност на градежните објекти изнесува повеќе од 30 насто или 2.150 шахти, дератизација на подземниот  канализациски систем во урбани реони на градот каде степенот на инфестираност на градежните објекти изнесува под 30 насто или 1.100 шахти, дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес ќе се врши во 400 шахти, а според програмата дератизација е планирана на јавната депонија „Мегленци“ и во неколку битолски села.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*