Don't Miss
Home / Вести / Утре Апелација одлучува за “Транспортер “

Утре Апелација одлучува за “Транспортер “

        По повеќе од 5 години, откако во април 2016 година беше отворен случајот “ Транспортер “ и повеќе од 1 година, откако на 31 март 2020 година беше донесена првостпената пресуда, утре, на 1 јули во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи првата јавна седница за пресудите на Кривичниот суд во Скопје, изречени од судечкиот совет, со кој претседаваше судијката Добрила, Кацарска.

        Според извори на Нова Македонија јавната седница за случајот “ Транспортер “ ќе се одржи, четврток  и петок, на 1 и 2 јули, а доколку се покаже за потребно  можно е третата јавна седница да се одржи  и понеделник на 5 јули.

        На изречените пресуди од страна на Кривичниот  суд во Скопје се жалеа  сите, и осудените  и обвинителите.

        Додека осудените во овој случај бараат ослободителни пресуди   или повторување на судењето, обвинителите се жалат на висината на изреченте казни.

        Како и да е.

По цели 5 години од отворањето на случајот

“ Транспортер “ се очекува по јавните седници на Апелациониот суд во Скопје дефинтивно да се знае како ќе заврши овој случај со “ бесплатниот превоз “ кој Општината  Битола скапо ја чинеше и кој повеќе од 5 години ја потресува битолската јавност.

        Инаку да потстетиме судечкиот совет во случајот „Транспортер”  на 31 март 2020 година  донесе  првостепена пресуда со која го осуди екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески на осум години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.

 Судот сметаше дека обвинетиот Владимир Талески го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овастување.На казна затвор  од 6,5 години беше осуден и  екс секретарот на Општината,  Слободан Бончановски. По изрекувањето на пресудите ним судот им одреди мерка куќен притвор.

На затворски казни  се осудени и обвинетиот Јорго Ивановски, кој доби 2 години и 2 месеци,  Сашо Мицески на казна затвор од 3 години во која се засметува времето поминато во притвор.

Обвинетиот Арен Шабаноски е осуден на казна затвор од 2 години и 10 месеци во која се засметува и времето поминато во притвор, а обвинетиот Дејан Гугутчески на казна затвор од 2 години и 3 месеци. Обвинетиот Александар Стојчески е осуден на казна затвор од 2 години и 8 месеци. Лидија Чеканчовска на казна затвор од 2 години   и 6 месеци. Обвинетиот Крсте Јошески  доби  2 години и 3 месеци. Обвинетата Новка Димоска на казна затвор од 2 години и 3 месеци и обвинетиот Џими Мицески на казна затвор од 2 години и 6 месеци.

Судијаката Добрила Кацарска  пресуди  единаесет правни субјекти  да вратат над 34 милиони денари во случајот „Транспортер”.

На 10-мина од обвинетите, поточно на директорите на основните и средните училишта изречена им е условна казна затвор, а условна казна затвор им беше изречена и на двајца управители на автотранспортни фирми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*