Утре, на 20 јули Советот на Битола ќе одржи седница со само една точка на дневниот ред.На седницата советниицте треба да донесат одлука да ја изменат одлуката за исплата на средства од општиснкиот буџет за спортските клубови.
На утрешната седница советниците треба да донесат одлука со која ќе му исплатат предвремено средства на ФК Пелистер за да се одблокира жиро сметката на клубот.
Средствата ќе се искористат за исплата на долговите спрема фудбалерот од Бугарија, Ковачев, на кој Пелистер му должи над 20.000 евра.
Но со оваа предвремена исплата не се решава судбината на Пелистер кој се наоѓа во исклучително тешка ситуација.
Сопственикот на клубот Пеце Стојчевски, кој поседува 75 отсто од акциите сака да го продаде клубот на фирма од Шпанија со седиште во Велика Британија.
На ваквата негова одлука Советот се изјасни дека нема да му прави пречки клубот да с го продаде, а “чкембарите “ инсистираат Пелистер да не се продава по секоја цена.
За тоа време клубот го напуштија десетина фудбалери, а и другите размислуваат за заминување. Со една нога надвор е и тренерот Димитар Капинковски, кој во ваква несредена ситуација веќе нема волја да го води клубот.