Don't Miss
Home / Вести / Утре во Битола промоција на програмата на ВМРО ДПМНЕ

Утре во Битола промоција на програмата на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ утре во Битола ќе ја промовира програмата „Проект обнова-се обврзуваме“. Промоцијата ќе биде пред Домот на културата, при што ќе бидат презентирани најважните делови и поенти од планот за обнова, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Програмата содржи над 1000 проекти, а главниот фокус ќе биде економијата и подигнување на животниот стандард. Од партијата најавуваат, како што велат, економски бум за повеќе пари и подобар живот, влевање на надеж дека може поинаку и подобро. Програмата има над 340 страници материјал во кои со прецизни рокови е наведено на што се обврзува ВМРО-ДПМНЕ.

„Програмата е плод на многу работа на експертските тимови на партијата кои ги користеше при составување на истата, а во најголем дел се земени во предвид барањата на граѓаните кои беа прибирани во пред кампањата “разговори за обнова на Македонија.

Повисоки плати за 25%, повисоки пензии, поддршка за стопанството, повеќе пари за народот, огромен инфраструктурен инвестициски потфат, поддршка на земјоделието, револуција во културата, војна против корупцијата и криминалот се дел од зацртаните проекти на кои работеа еминентни стручњаци од областите. Користена е помош и од странски експерти, а е направена и ре-проценка на фискалните импликации согласно најновите кризни текови“, велат од партијата.

Оттаму најавуваат и документ, „преодна стратегија за реализација и делување во првите сто дена од преземањето на владата“, односно план кој ќе опфати прецизни детали на тоа што се планира да се реализира во првите неколку месеци.

На утрешната промоција се најавува дека ќе говорат експерти од различни сфери а акцентот ќе биде даден на економијата и здравството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*