Don't Miss
Home / Вести / Утревечер во киното Манаки музичко документарен филм за Ајри Демировски

Утревечер во киното Манаки музичко документарен филм за Ајри Демировски

   

        Утревечер, среда 28 септември  во киното Манаки, со почеток во 20 часот премиерно ќе биде прикажан музичко – документарниот филм за Ајри Демировски, авторот на песната “ Битола мој роден крај”.

         Преку овој документарен филм, кој  е во копродукција  го изработија Битолски весник и Радио Б -97, присутните ќе можат да се запознаат со животот  и музичкото творештво на Ајри Демировски, човекот, кој со песната “Битола мој роден крај”        Битола ја направи вечна, а и себеси се запиша во вечните.

        Во овој филм покрај тоа што ќе можат гледачите да видат и слушнат како Ајри Демировски ја напишал песната Битола мој роден крај, ќе можат да се запознаат и со неговото огромно музичко творештво, кое брои над 80  песни, од кои најголемиот број се антологиски, како и да ги слушнат  изведбите на неколкумина познати музичари, композитори и текстописци, кои говорат за  музичкото творештво на Ајри.

        Во рамките на премиерата на овој филм ќе настапат и неколку познати битолски пеачи, меѓу кои Маргарита Христова, Билјана Дамјановска, Сефедин Бајрамов и Велчо Петровски.

        Сценарист и  продуцент на филмот е Менде Младеновски.

        Инаку Ајри Демировски,   почина во Измир на 22  октомври 2010 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*