Денеска и официјално е промовирана советничката листа на новата коалиција на ЛДП и ДОМ “ Одлучно за промени”
Носител на листата е екс претседаелот на Советот, Валентин Груевски.
-Оваа листа за општина Битола нуди искуство, стручност, квалитет, чесно работење, Овие луѓе ќе бидат чувари на интересите на Битола. Составена е од граѓански активисти, спортисти, доктори, архитекти, економисти, социјални и туристички работници, изјави претседателот на ЛДП Горан Милевски, кој е и кандидат за градоначалник на Битола.
Со луѓе, кои се докажале во областа на образованието, детската заштита, социјалната правда.Ова се луѓе кои си го сакаат својот град! Чест ми е да бидам дел од овој тим кој ќе ја води Битола во следниот мандат“ истакна , Горан Милевски.