Don't Miss
Home / Вести / Васка Младеновска добитник на признанието од областа на новинарството

Васка Младеновска добитник на признанието од областа на новинарството

Признанието од областа на новинарството за 2020 година и припадна на новинарката и уредничка на Битолски весник Васка Младеновска

Наградата ја доживувам како сатисфакција за иновативните проекти кои ги реализиравме со дигиталното издание на Битолски весник, и интернет телевизијата Б 97 која што поради пандемијата не работи со полн капацитет, но очекувам наскоро да се етаблира во медиумскиот простор, изјави Васка Младеновска по добивањето на признанието.

Нема достапен опис

Според Васка Младеновска новинарството е неистрчан маратон

-Жал ми е што состојбите во медиумите се мошне тешки, но тој што ја помирисал печатарската боја, полесно ги совладува тешкотиите и предизвиците.   Но, мене новинарската професија целосно ме исполнува. Да се биде на чело на најстариот локален весник во државата е голема чест, но и голема обврска… вели Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*