Во врска со изјавите на опозицијата за продажбата на вишоците на електрична енергија во ноќните часови првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на прес конеференцијата изјави:
-Професорот Христијан Мицкоски кој што е дел од енергетскиот сектор, кој претходно бил 12 години, во претходната власт главен советник за енергетика , бил 2-3 години и во Надзорниот и Управниот одбор на тогашно АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, треба да знае како се продава ноќната енергија, на кој начин АД ЕСМ ја објавува и како одат одлуките за продажба на оваа енергија.
АД ЕСМ, затоа што зеде обврска да произведува електрична енергија 100 проценти за ЕВН Хоум, да ги покрива техничките загуби во системот на Електридистрибуција и да ги покрива загубите во системот на пренос што го врши АД МЕПСО, ги има вклучено сите капацитетит што ги има на располагање. Во овај период од годината, кога има помал конзум од страна на потрошувачката на ЕВН Хоум, а кога се вклучени капацитетите РЕК Битола со два блока и ТЕЦ Неготино, се појавуваат ноќни вишоци од 2 до 7 часот со инсталирана моќ од 50 MW. Оваа енергија АД ЕСМ мора да ја произведе затоа што се вклучени сите овие капацитети и нема техничка можноста да се намали или да се исклучат овие капацитети затоа што нивното повторно вклучување ќе трае 12 или 24 часа. Оваа енергија, која што се продава од 2 до 7 часот, на јавна објава, на јавна аукција, со транспарентна и конкурентна постапка, можеме да ја продадеме по одредени цени кои индикативно ги дава ХУПЕКС берзата, а цената се формира врз основа на добиените понуди. Тоа е првата опција. Втората опција е таа енергија да не ја продаваме, да ја пуштиме слободно во системот, да не ја наплаќаме, да имаме нула приходи и притоа да платиме уште неколку евра од мегават час за пренос на оваа енергија.
Ние во компанијата одлучивме неделно, кога имаме вакви вишоци во однос на исполнување на сите обврски кон нашите економски договори, оваа енергија да ја продаваме на неделно ниво затоа што тогаш можеме да оствариме дополнителни приходи и за компанијата и за државата. Овие 50 MW на неделна основа се 1750 MWh. Оваа енергија ја објавуваме на слободна продажба, затоа што сме државна компанија, преку нашиот ДООЕЛ, ЕСМ Продажба и на оваа објава за продажба на овие ноќни вишоци може да се јави секое правно лице. Дали се тоа трговци, реистрирани во државата, дали се тоа стопански субјекти или институции, може да достави понуда согласно нивните потреби и оваа енергија во ноќните периоди, од 2 до 7 часот, да си ја набават по цени, како што кажав, ќе бидат конкурентни и доаѓаат со понуди од тие што се заинтересирани да ја купат. Трговците најчесто ја купуваат ова енергија затоа што останатата енергија, од 7 часот до 2 часот наутро ја имаат веќе обезбедено. И цените во овој период, од 2 до 7 часот се најниските на нашиот пазар кои може да се продадат. Другите цени, од 7 часот на таму, можеби се околу 500 евра од мегават час, потоа ќе бидат 1000 евра од магават час, па пак ќе паднат на 500 евра од мегават час, па повторно во пикот од 19 часот до 24 часот ќе бидат 1000 евра. Миксано, сето ова, ја дава цената на што е релевантна на пазарот. Таа може да биде 450 евра денеска, пред една недела 600 евра, не знаеме како ќе се движи понатаму.
Манипулација со јавноста е дека оваа енергија ја продаваме двојно поевтино отколку што е цената на ХУПЕКС. Енергијата од 2 до 7 часот е најевтина затоа што во тој период има најмалку потреба од електрична енергија на пазарот во нашата држава. Ова е вистината.
Оваа енергија која што ЕСМ ја продава, ја продава затоа што ја произведува и за да не ја пушта во системот без пари, наплатува и тие се дополнителни приходи за компанијата. И второ, ова енергија може да ја купи секој што сака. Дали се тоа трговците, уште еднаш ќе повторам, дали е бизнис секторот, или било кој друг. Но, ако бизнис секторот ја набави од нас само енергијата за периодот од 2 до 7 часот, по цена која е на берзите од 200, или 250 или 300 евра, тогаш треба да набават од 7 до 2 часот дополнителна енергија која што ќе биде повисока од цената која што денеска ја набавуваат затоа што миксаат евтина со скапа струја.
Уште еднаш, за професорот Христијан Мицкоски, за опозициската ВМРО – ДПМНЕ, да појасниме. оваа енергија, овие ноќни вишоци што ги продава ЕСМ, се на слободниот пазар, може да ги купи било кој што ја сака и има потреба и следното, ја продаваме на аукција каде имаме највисока цена во конкурентна и транспарентна постапка.
Граѓаните треба да знаат дека ние како компанија, се грижиме за интересите прво на компанијата, второ на државата, а следствено на тоа се грижиме за интересите на сите граѓани. Ние во овој период ги правиме сите напори и затоа сме денеска тука, во РЕК Битола колку што е можно повеќе и подобро да се подготвиме за следната грејна сезона затоа што сите знаеме дека претстојната зима ќе биде најтешката во последните 70 години, рече на прес конференцијата, првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.