Don't Miss
Home / Вести / Васко Ковачевски: ЕСМ ќе помогне за враќање на скијачкиот спорт на Копанки

Васко Ковачевски: ЕСМ ќе помогне за враќање на скијачкиот спорт на Копанки

                             

   Во саботата АД ЕСМ организираше акција за чистење на ски-патеката во Ски-центарот Копанки

Во акцијата зедоа учество комплетното ракоодство на АД ЕСМ, на чело со генералниот директор Васко Ковачевски, директорот на РЕК     – Битола, Златко Ќурчиевски, директорите на јавнте комунални претпријатија на Битола и голем број љубители на скијањето и планината.

        Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски потенцираше дека настанот се организира со почитување на сите препораки за заштита од КОВИД- 19 и по сите стандарди одредени од надлежните органи, и дека со паметно и одговорно применување на здравствените превентивни мерки, животот и обврските можат да продолжат понатаму и круцијалните работи не смеат да запрат.

     -,АД ЕСМ овде го има својот хотел Молика, кој е заштитен знак на Пелистер и на Битола, и исто така оперира со ски центарот Копанки, така што како компанија имаме голема одговорност за битолчани, за нивната рекреација, за Пелистер, за природното национално богатство, и за сите граѓани љубители на планинскиот престој и планинскиот воздух. Во изминатиот период вложивме во подобрување на условите во самиот хотел, се вложува и во други сегменти на инфраструктурата, а во иднина уште поинтензивно ќе се преземаат активности за подобрување на условите за граѓаните и туристите кои сакаат да ги посетат убавините на Пелистер”- изјави Ковачевски.

       Директорот Ковачевски упати апел до државни и општествени субјекти за надминување на недоразбирањата околу планинарскиот дом Копанки и негова изградба..

,,Ги повикувам надлежните институции, Општина Битола, а посебно планинарското спортско друштво Пелистер, да ги разрешат имотно-правните односи околу изгорениот објект на планинарскиот дом Копанки и ски-стазата, како би можеле сите заеднички да инвестираме во нив и повторно да ги вратиме во функција, со цел граѓаните на Битола и сите љубители на планината да можат да спортуваат и да се рекреираат”-порача Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*