Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, присуствуваше на работен ручек, во организација на словачкиот амбасадор во Р. Северна Македонија, Хенрик Маркуш.
На средбата присуствуваа и амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група, акредитирани во нашата земја: амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клеин, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.
На средбата со амбасадорите на В4 -земјите, се разговараше за билатералната соработка, особено за поддршката што ја има Северна Македонија од овие земји. Беа разменети искуства за справувањето со енергетската криза, начините на справување со енергетските и економски предизвици, како и планираните инвестиции, и развојот на енергетскиот сектор.Заеднички е оценето дека сите отворени билатерални прашања треба да се решаваат во европски дух и низ принципите на европските вредности.
Директорот Ковачевски изрази благодарност за искреното пријателство и големата поддршка што ја добива Северна Македонија од В4-земјите.