Don't Miss
Home / Вести / Весник од кој битолчани учеа да читаат!

Весник од кој битолчани учеа да читаат!

                          

На денешен ден, пред  точно 57 години, во далечната 1964 година, во предвечерјето на Празникот на трудот, 1 Мај,  излезе првиот број на Битолски весник.

        Точно на 29 април 1964 година,  група ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор, по иницијатива на тогашниот секретар на ОК ССРН, Иван Гиновски и првиот главен и одговорен уредник на Весникот, Владо Ласковски го издадоа првиот број на Битолски весник.

        За Битолски весник во една прилика сега веќе покојниот професор по новинарство и долгодишен соработник на Битолски весник,  д-р Томе Груевски напиша дека Битолски весник, покрај тоа што е сведок и хроничар на Битола, колективна меморија на градот под Пелистер,  тој  е Светилник, не само на  битолското, туку и македонското печатено  новинарство.

        Битолски весник е без сомнение единствениот локален весник којшто  57 години успешно опстојува во медиумскиот простор на печатените медиуми во Македонија.

        Тоа на овие простори не му успеа на ниту еден друг локален  печатен медиум во државата.

        За разлика од останатите локални печатени медиуми, кои не преживеаја на македонскиот медиумски простор и поради недостигот на финансиски средства  згаснаа,  Битолски весник е единствениот локален весник во Република Македонија којшто и покрај бројните проблеми успешно опстојува  досега и за среќа на илјадници свои читатели не ја доживеа судбината на останатите печатени локални медиуми во државата.

        И покрај тоа што како и останатите печатени медиуми во Македонија и Битолски весник во своето опстојување се среќавал со доста големи финансиски тешкотии и веќе со децении е оставен на ветрометините на пазарната економија, сам да се грижи за својот опстанок,  сепак овој весник  во сите овие 57 години ниту еднаш не престанал со излегување и печатење и секоја среда е во рацете на своите верничитатели, што е  своевиден подвиг.

        Битолски весник знаел да информира, пофалува, но и да критикува. Но, во секоја прилика настојувал тоа да го прави професионално, објективно  и одговорно.

        Новинарите на Битолски весник  уште од првиот број опстојувале на определебата  тој да биде весник на граѓаните на Битола.       

        Љубовта на новунарите од сите генерации кон Битолски весник, кој го носи името на градот е нераскинливо поврзана и со нивната  љубов кон Битола.

         На прашањето кој е рецептот за ваквиот подвиг, сопственикот на Весникот, Менде Младеновски, кој цели над 40 години  работи во Весникот  вели:

-Нема тука посебен рецепт.Тоа е љубовта и ентузиајзмот кон Весникот.Во сите овие изминати 57 години, кај сите врабитени во Битолски весник,  била многу погоелма отколку омразата кои некои ја имаа и ни го посакуваа крајот.

Битолски весник во изминатите 57 години покрај со издавање на Весникот бил издавач на голем број книги и наслови,  како и бројни манифестации, а манифестацијата

 “ Избираме најуспешн битолчани “, која Битолски весник традиционално ја организира веќе 22 години е вистинси бренд на Битола и битолчани со право ја нарекуваат “ Битолски Оскар“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*