Don't Miss
Home / Вести / Ви завидувам на вашата истрајност

Ви завидувам на вашата истрајност

                          Неда Маретик, ТВ Тера  во честитката по повод јубилејот 56 години до првиот број  на Битоски весник вели:

-Да се опстојува 56 години на медиумска сцена, да се биде најстар печатен локален медиум, посебно во време кога медиумите се преселија на онлајн платформите, е резултат не само на љубовта на екипата на Битолски весник кон сопствениот град, туку и на нивната професионалност, транспарентност, континуирано следење на сите настани значајни за Битола и битолскиот регион, долгогодишно забележување и архивирање  на најзначајните личности, случувања, приказни кои допринеле за развојот на нашиот град.

Од аспект на новинар, знам дека не е лесно воопшто, но упорноста и многубројните непроспани ноки на читателите да им се доближи некое случување, информација, резултираат со 56 години Битолски весник.

Како колешка од Тера телевизија, сум исклучително горда на целиот тим на Битолски весник, благодарна за наградата што од областа на новинарството ми ја доделија  во 2017.

 Ви посакувам успех и во иднина, бидете истрајни во вашата работа, успешен хроничар и понатаму на битолските настани, а ние со гордост и понатаму едвај ќе чекаме да ги читаме приказните за нашите битолчани насекаде во светот, настаните за развојот на Битола и информациите напишани од “перата” на Вашиот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*