Don't Miss
Home / Вести / Влада: Врвната транспарентност е наша приоритетна политика

Влада: Врвната транспарентност е наша приоритетна политика


Во согласност со политиките за отчетност и транспарентност, на вчерашната седница Владата донесе одлука да ги задолжи сите државни институции, јавните претпријатија основани од неа, акционерските друштва во државна сопственост, и другите кои одговараат пред неа, во рок од 30 дена на своите веб-страници да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер или уште познати како 21 документ.

Врвна транспарентност согласно истиот член на Законот и во истите рокови Владата им препорачува на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, како и на имателите на информации основани од нив.

Како механизам на обезбедување на транспарентност, Владата сите проекти што општините ги реализираат со поддршка од буџетот ги условува со целосното спроведување на препораките согласно владините политики за транспарентност и согласно обврските од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова се однесува на сите нови капитални проекти за 2021 за локален развој од централниот Буџет, капиталните инвестиции за локален развој од ТАВ програмата, потоа проектите за локален развој од програмите на Светска банка и од Европската инвестициска банка, како и програмите за енергетска ефикасност наменети за единиците на локалната самоуправа.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*