Don't Miss
Home / Колумни / Владата се изјасни, на потег е народот

Владата се изјасни, на потег е народот

И покрај тоа што од потпишувањето на Договорот за (не)решавање на спорот меѓу Македонија и Грција изминаа речиси две недели, сепак потписот во Нивице,  сеуште ја преокупира македонската јавност.

И како што се договорија премиерите Заев и Ципрас и впрочем како што стои во Преспанскиот договор, Владата на Република Македонија во рекордно брзо време, без никакви дебати или расправии со опозицијата успеа да го помине договорот не само на Владината седница, туку и во  Парламентот.

Сега, кога Владата на Заев  ги исполни сите свои ветувања и обврски спрема јужниот сосед,  останува потписот од Нивице да го верификува, или прогласи за ништавен народот, кој треба на Референдум да се изјасни дали го прифаќа овој договор, со кој по неговото усвојување Република Македонија треба да се преименува во Република Северна Македонија.

За судбината на Македонија и неговото име  повеќе не одлучува ни Заев ни Ципрас, Хан или Могерини, па ни Нимиц. Одлуката е во рацете на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во оваа држава, која сеуште се вика Република Македонија, а не како што веднаш по потписот во Нивице ја преименува во Севрена Македонија еврокомесарот Јоханес Хан.

Народот е тој кој сам си ја одредува својата судбина.

Владата го кажа своето. Таа искажа подготвеност да го промени името во Република Северна Македонија и на тој начин да го реши овој речиси тридецениски спор  со Грција околу името на државата.

Сега субдината на името на државата е во рацете на народот.

Тој  одлучува како ќе се вика неговата држава. Дали Република Македонија, или Република Северна Македонија.

Во изминатите речиси три децении од македонската независност македонскиот народ знаел да одлучи за својата судбина. Токму тој  на реферндумот во 1991 година со огромно мнозинство одлучи  Република Македонија да се издвои од скратената држава екс Југославија и да формира своја, самостојна, независна, суверена држава, Република Македонија.

На тој Референдум македонскиот народ со огромно мнозинство се изјанси во каква држава сака да живее.

Но за жал токму на Република Македонија и на никоја друга земја во светот досега не е и дозволено да се зачлени во ООН по своето уставно име.

Цели 26 години Македонија живееше со привремено име, како Поранешна Република Македонија.

Нашиот јужен сосед цели 26 години го оспоруваше правото на државата како ќе се вика и под кое име ќе се легитмира во светот.

Такавата ирационална блокада на Грција за жал европските и светските моќници цело време ја толерираа и наместо на патот на правдата застанаа на патот на неправдата, оспорувајќи го легитимното и уставно право  Република Македонија да се вика така како што цело време од нејзиното формирање се викаше.

Но тоа е тоа. Картите се отворија. Веќе никој не може да рече дека  не занел за што преговарале и што се договориле политичките избраници на власта.

Веќе нема никакви тајни. Владата на Заев, која најави транспарентно решавање на овој спор  се изјасни дека доколку Република Македонија сака да продолжи по патот за НАТО и ЕУ треба да го смени името во  Република Северна Македонија.

Со таквото ново име се сложи и јужниот сосед.

Ваквото преименување наиде  на жесток отпор кај некои политчки париии и во Грција и во Македонија, а и кај дел од народот.

Се случија и сеуште се случуваат доста протести, на кои граѓаните го искажуваат своето незадоволство од постигнатиот договор.

Иако најави дека ќе ги преземе сите дозволени мерки за поништување на овој договор,  засега опозицијата стои настрана од протестите и своето незадоволство од постигнатиот договор го искажува само  на ад хок свикани прес конференции.

Со напуштањето на парламентот најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ практично му го  отвори патпот на власта  за брза верификација на Договорот.

Ваквото однесување на опозицијата многумина го толкуваат како договорено  “несогласување” кое меѓу редови кажано значи одобрување на Договорот.

ВМРО ДПМНЕ засега глуми опозиција. Тоа се гледа со затворени очи.

Во таква ситуација одбраната на името сега е во рацете на народот. Тој на Референдумот ќе треба да го кже својот последен збор.

Тој со неговот глас ќе  го одреди името на државата, дали во иднина оваа држава ќе се нарекува Република Северна Македонија, или како и досега Република Македонија.

За разлика од порано, како пред Реферндумот за територијалната поделба кога некои политичари говореа дека некои прашања не заслужуваат одговор, ова прашање заслужува одговор. И тоа одговор кој ке биде чист, јасен и прецизен.

Во прашање е името на државата.

Со масовното излегување на Референдумот и изјаснувањето за (не)важноста на Договорот  Ципрас – Заев, македонскиот народ ќе ја одреди својата  сегашност и иднина.

Тоа нема да го направат ни Заев, најмалку  Мицкоски, кој чека намето тој, народот да се изјасни.

Тој го има пресуднот збор и никој друг. Овој пат и никогаш повеќе. За на век.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*