Don't Miss
Home / Култура / Владо Јаневски ја запали Хераклеја

Владо Јаневски ја запали Хераклеја

Со спектакуларниот концерт на најголемата македонска музичка звезда, на античкиот локалитет Хераклеја, Владо Јаневски, и изложбата на фотографии на фоторепортерот и новинар на Битолски весник , Сашо Ристевски, во Магазата, официјално се спушти завесата на годинашното Битолско културно лето “Битфест 2014“, кое годинава беше најсодржајно и најбогато, со рекорден број одржани културни настани, дури 270.
Античка Хераклеја беше претесна да ги прими фановите на македонската поп звезда Владо Јаневски.
Битолчани уживаа во концетот на Владо Јаневски кој повеќе од два часа заедно со присутните ги пееше неговите најголеми музички хитови.
На концертот на Јаневски, падна и брачна понуда на еден битолчанец кон неговата сакана. Романтичниот чин, публиката го награди со аплауз.
Инаку, повеќе од два месеци во повеќе културни институции, катчиња и алтернативни простори во градот се одржуваа настани за сечиј вкус и за публика од 7 до 77-годишна возраст.
Поетски вечери, музички концерти, ликовни изложби, промотивни настани, саеми на книги, промоции и ред други креативни и афирмативни настани беа дел од годинашниот “Битфест“, кој секогаш им дава шанса на домашните креативни идеи и алтернативни уметници.
Покровител и идеен творец на концептот Битолско културно лето “Битфест“ е градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.
Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*