Don't Miss
Home / Uncategorized / Влегувањето на Бетмен во ИК многу зборува за Груевски

Влегувањето на Бетмен во ИК многу зборува за Груевски

Премиерот Зоран Заев денеска на новинарско прашање одговори за тоа што во Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ влезе Богдан Илиевски, предводникот на протестите кои резултираа со крвавиот упад во Собранието.

 – Тоа само уште еднаш ја потврди тезата дека организацијата на крвавиот четврток, на 27 април, е навистина добро осмислена организација, со добра мотивација и со конечна цел, како што тогаш дефиниравме, за одземање на животи на пратеници од мнозинството. Драго ми е што тоа не се случи, но можам повторно да се вратам на таа теза што ја кажав: Нека биде поука за сите, никогаш повеќе да не се повтори. А оној што нема срам од тоа што го направи, навистина нека биде на показ на јавноста за неговите активности – рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*