Don't Miss
Home / Вести / Влезниците за Манифестацијата на Битолски весник “ Најуспешни битолчани “разграбани

Влезниците за Манифестацијата на Битолски весник “ Најуспешни битолчани “разграбани

За годинашната Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани “ за 2020 година влезници повеќе нема.

Сите 400 влезници колку што беа пуштени во продажба само за два дена се продадени .

Да не беа строгите протоколи на Комисијата за заразни болсти според кои на Манифесатцијата можат да присуствуваат само 50 отсто од капацитетот на ресторанот како и секоја година така и оваа Вавилон ќе беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои сакаа(т) да присуствуваат на традиционалната манифестација на Битолски весник.

Но од 800 седишта колку што е капацитетот на најголемиот ресторан во Битола, Вавилон во продажба беа пуштени само 400 влезници.

Присуството на Манифестацијата ќе биде според сите здравствени протоколи.

Годинашната Манифестација с еодржув под Покровителство на Германската компанија “ Кромберг и ШУберт “

Битолски весник подготвува голема забава и културно уметничка програма.

Како и интересот за влезниците огромен беше интересот за признанијата.

Така петок на 24 декември ќе бидат доделени над 35 признанија во официјална конкуренција и како посебни признанија.

Конкуренцијата за признанијата беше огромна.

За признанијата пристигнаа над 100 кандидатури.

       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*