И покрај тоа што битолчани очекваа кандидадот за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ да го слушнат утре, за време на претстојот на лидерот на партријата Христијан Мицкоски во Битола, сепак како што стојат работите името на кандидатот за градоначалник од оваа партија битолчани ќе го слушнат четврток.
Имено според партиски извори имињата на кандидатот на Битола и неколку други општини ќе бидат соопштени четврток, кога треба во седиштето на партијата да се одржат седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
И покрај неколкуте направени анкети засега Мицкоски сеуште не одлучил кому ќе му укаже доверба.
Тоа што се знае е дека ВМРО ДПМНЕ планираше на изборите да излезе со сопственикот на приватната болница Плодност, д-р Таше Трпчевски, но тој уште на почетокот категорично го одбил таквиот предлог.
Во ВМРО ДПМНЕ во игра се неколку кандидати, кои беа предмет на анкети. Тоа се д-т Тони Коњановски, актуелниот локален лидер Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска, д-р Блашко Гочев, екс пратеникот Спире Мавровски, архитектот Зоран Николовски.
Кој од нив ќе ја стекне довербата на лидерот на парријата ќе се знае четврток, по празникот Осми септември, велат партиски извори.