Don't Miss
Home / Вести / ВМРО ДПМНЕ најави основање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

ВМРО ДПМНЕ најави основање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

            -Енергетиката е геостратегиско прашање РЕК Битола нема да се затвори, имаме план за нејзина модернизација, а сериозно ќе се позанимаваме и со проектот Чебрен”.

Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината  Концепт за инвестиции во енергетиката” што  во неделата  се одржа во Битола.Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан  Мицкоски, термоелектраните “Битола”, односно РЕК “Битола” вклучувајќи го и рудникот како дел од неа, се значајни, но, како што рече, откако дошла Владата на СДСМ и ДУИ се помалку се ископува јаглен од рудникот, а се увезува јаглен со сомнителен квалитет.

 Тоа е набавка на увозен јаглен за една година од близу 100 милиони евра или попрецизно 5 милијарди и 950 милиони денари и таа сума треба да ја добијат неколку фирми кои ни се познати за увоз на јаглен со сомнителен квалитет, а од информациите кои се добиваат е полн со сулфур и тој сулфур ќе ги труе Битола и битолчани и граѓаните од регионот како општините Новаци и Могила. Покрај овој голем тендер има уште еден рекорден епски, кој трае 18 месеци и тоа е од околу 2 милијарди и 400 милиони денари односно околу 40 милиони евра плус ДДВ што значи околу 46-47 милиони евра.

Мицковски на трибината посочи дека  РЕК “Битола” нема да се затвори и дека имаат план за нејзина модернизација, односно имаат начин како да продолжи да работи се додека има ресурс за производство на електрична енергија, но исто така посочи и како ке се пристапи кон проектот Чебрен. Убеден сум дека уште еден таков резервоар за вода на Македонија како држава ќе и биде многу важен и затоа кон овој проект треба да гледаме можеби за еден век од денес. Тоа е проект за иднината не само за Македонија како држава, туку и за иднината на идните генерации кои се неродени, бидејки тој проект нема само енергетско знажење, туку може да има социоекономско и да има огромно значење во земјоделието бидејки системот кој понатаму каскадно ќе следи практично служи за наводнување на десетици илјади хектари земјоделска површина. Така што овој проект е мултифункционален и треба така и да се гледа, но за да дојдеме до сериозна и сигурна реализација на овој проект, ни треба сериозна анализа, рече Мицкоски.На јавната дебата во Битола се обратија и професорот Константин Димитров, кој посочи дека итно е потребна изградба на две когеративни постројки на природен гас во Комбинатот. Претседателката на партиската комисија за енергетика Елена Маркова Велинова најави проширување на топлификациската мрежа во Скопје и сериозен пристап кон топлификацијата на Битола, а Сања Божиновска, членка на ИК на ВМРО ДПМНЕ, најави основање на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*