Don't Miss
Home / Вести / ВМРО ДПМНЕ се грижи за Копанки само кога е во опозиција

ВМРО ДПМНЕ се грижи за Копанки само кога е во опозиција

       

        Во врска со прес конференцијата а ОК ВМРО ДПМНЕ за случајот Копанки, со реакција се јави ОО СДСМ.

        Во реакцијата се вели:

-ВМРО – ДПМНЕ се грижи за Копанки само кога е во опозиција. Изградбата на планинарскиот дом е тема на која опозициската партија упорно се обидува да “лови” политички поени. Забораваат дека токму тие, во време кога ги имаа сите механизми и ресурси, ја претворија реконструкцијата на Копанки во речиси невозможна мисија. Лажат и манипулираат дека за Копанки пари нема. Лажат, бидејќи вистината не им е од полза.

        Ги потсетуваме и ДПМНЕ и целокупната јавноста дека домот изгоре во пожар ноќта помеѓу 27 и 28 јануари 2013 година. Токму ВМРО – ДПМНЕ, како тогашна локална власт, тврдеше дека пред да се реконтруира, домот мора да се легализира. Легализација на објектот се случи на почетокот на летото 2015 година. Во декември истата година, клубот што стопанисуваше со него најави скорешна реконструкција, па беше најавено дека во реконструкцијата ќе помага тогашно ЕЛЕМ. Дури и дијаспората се јави да помогне… Цели две години поминаа од легализацијата на објектот до локалните избори 2017 година, во кои тогашната локална власт на ВМРО – ДПМНЕ само што не започна со реконструкција на планинарскиот дом Копанки. Што ги спречи тогаш да го изградат? Потрошија цели две години. Веројатно некој од инволвираните во постапките што се водеа во врска со планинарскиот дом Копанки знаеше за незаконитостите што денес ги потрвдуваат судските инстанци во земјава. Затоа домот остана и сеуште е неизграден. Потсетуваме и дека за целиот овој период, СДСМ беше таа која бараше средства за реконструкција на Копанки, но тогашната власт предводена од ДПМНЕ со различни изговори одбиваше да даде финансиска поддршка преку Советот на Општина Битола. Сега, кога се во опозиција, од уста не го “извадија” Копанки.

        Затоа потврдуваме уште еднаш. Пари за Копанки има. Нема потреба да помогне ниту ЕСМ, ниту дијаспората. Општина Битола предводена од СДСМ има доволно средства сама да го изгради Копанки, веднаш откако ќе биде завршена судската постапка на која и “кумуваа” фунциониери на ВМРО – ДПМНЕ .Во меѓувреме, се додека локалната самоуправа во Битола е предводена од СДСМ, таа ќе помага секаде каде што ќе може, без разлика дали е во прашање Струмица, Пехчево, Тетово или Гостивар, се вели во реакцијата на ОО СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*