На Самитот за електрична енергија кој се одржува во Атина, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, се сретна со новоназначениот директор на Енергетската заедница (ЕЗ), Артур Лорковски.
Директорот Ковачевски го запозна Лорковски со предизвиците со кои се соочи државата во текот на енеретската криза, како и успешното менаџирање преку АД ЕСМ со сила поддршка од Владата на Р. Северна Македонија. Беа истакнати предизвиците кои се очекуваат во текот на годината, како и за следната грејна сезона 2022/23г.
Лорковски, од своја страна изрази поддршка за државата и за АД ЕСМ како лидери во енергетската транзиција во Југоисточна Европа и порака да се продолжи во истиот правец.
Договорена е работна средба која ќе се одржи во Скопје на крајот на јуни, на која подетално ќе се разговара за енергетските теми и проекти.