Don't Miss
Home / Вести / Во Битола отворена првата знаковна кафетерија

Во Битола отворена првата знаковна кафетерија

       

        Денеска во Битола  е отворена првата знаковна кафетерија.

        Сопстевници се лицата со оштетен слух Радила и Мартин.

        Денеска  гадоначалничката  Наташа Петровска  ја посети кафетеријата која се вика  „Улаф сте“,  а која е лоцирана на булеварот 1 Мај, една од најубавите пешачки улици во градот.

-Ви честитам за храброста, бидејќи за да се започне приватен бизнис во денешно време е навистина тешко. Се радувам на заедничката средба, на овој разговор и на можностите заедно да соработуваме во иднина, на различни проекти од значење за градот и за битолската чаршија“, рече градоначалничката  Наташа Петровска.

Сопствениците Радмила и Мартин велат дека сакаат да бидат пример на една љубовна приказна која треба да допре до сите. Амбиентот покрај реката Драгор, местоположбата на кафетеријата, им дава дополнителна радост и мотивација да направат и други приказни со кои и градот би бил препознатлив. Посетата на градоначалничката Петровска и дадената рака на поддршка од локалната самоуправа за нив е многу значајна, Тие истакнаа дека ова е пример многу важен за лицата со попреченост,во нивната намера да се отворени за промени и да не се повлекуваат пред животните предизвици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*