Don't Miss
Home / Вести / Во Битола се гради модуларен ковид центар

Во Битола се гради модуларен ковид центар

                Во Битола ќе се гради модуларен ковид центар

        Во дворот на Клиничката болница во Битола, во непосредна близина на инфективното одделене почна уредувањето на просторот за изградба на модуларен Ковид центар.               

        Од општината Битола велат дека  со цел  да се  прошират здравствени капацитети  на инфективното одделение и Клиничката болница,  почна да  се работи на подготовка  на парцелата за поставување на модуларен Ковид центар.

-Општина Битола максимално е вклучена во реализацијата на Проектот за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница во Битола. По изготвувањето на планската документација од страна на општинските служби, се вклучи и во расчистување на теренот со учество на механизација на јавните претпријатија и е целосно подготвена за изведба  на рамнење на теренот, велат од локалната смаоуправа на Битола.

Целта на модуларниот Ковид центар ќе биде обезбедување на дополнителни капацитети за прием и тријажа на ковид пациенти и проширување на моменталните капацитети на Клиничката болница во Битола.

Истиот се состои од 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат интегриран Тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.

Овие модуларни градби, се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со приближна површина околу 1000м2, се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени и приближен капацитет на стационар од 90 кревети,  велат  од општината  Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*