На улицата „Север – Југ“, во завршна фаза се работните активности на новиот парк кој е дел од проектот „Поставување на опрема за спортско рекреативни активности и детски игралишта“. Покрај партерното уредување и зазеленувањето, парковата површина се збогатува со урбана опрема и детски реквизити од различни типови.
Паралелно завршува и уредувањето на детското игралиште на улицата „Смилевски конгрес“, каде што се поставени клупи и опрема за забава на деца, со што целосно е променет изгледот и на овој простор.
За уредување новите паркови, од општинскиот буџет инвестирани се 2.903.552 денари.