Денеска во Центарот за јавно здравје во Битола почна со работа лабораторијата за молекуларна дијагностика во Центараот за јавно здравје во Битола во која ќе се врши тестирања за ковид 19, прва од ваков вид навдор од Скопје.
Лабораторијата е донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“ која набави апарат во вредност од 30 000 евра.
Во опремувањето на лабораторијат учествуваше и локалната самоуправа на Битола со донација 10 000 евра.
Центаротза јавно здравје е регионален центар и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Деми Хисар. Предноста ќе биде што кавалитетно и за многу кратко време ќе се добиваат резултати што сега ги носиме во Скопје и ги чекаме. Инаку е планирано во наредниот период во нашата лабораторија да правиме тестирање и за граѓаните на Прилеп и Охрид.
-Лабораторијата се отвори со донација на фабриката „Кромберг и Шуберт“ која набави апарат во вредност од 30 000 евра, а со согласност на градоначалнинчката и Советот на Општина Битола се доделија 10 000 евра, а потоа следуваа и други донатори. Центарот за јавно здравје е регионален центар и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар. Предноста ќе биде што кавалитетно и за многу кратко време ќе се добиваат резултатите што сега ги носиме во Скопје, па ги чекаме. Инаку е планирано да прерасниме и во регионален, што значи Прилеп и Охрид да ги тестираме овде. Имаме стручен кадар со два тима, двајца доктори и четири лаборанти кои ќе бидат во смени. Почнуваме со капацитет од 50 тестирања и со можност во иднина да го заголемиме капацитетот“, рече директорката на ЦЈЗ Елизабета Крстевска.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска упати благодарност до менаџерскиот тим и посочи дека изградбата и функционирањето на оваа лабораторија е доказ дека можат да се направат сериозни поместувања кога бизнис заедницата и локалната самоуправа делуваат синхронизирано.
-Во исклучително сезнитивен период кога се соочуваме со пандемија се отвора оваа лабораторија која е од исклучително значење за Битола но и за целиот регион зашто навременото согледување на ситуацијата и здравствената состојба е најдобрата превентива за да нема загрозување на други граѓани. Со самото тоа што овде ќе се изработуваат резултатит,е побрзо ќе ја имаме и севкупната слика на можни заболени на локално ниво“, рече Петровска.
Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, кој присуствуваше на отворањето на регионалниот центар за тестирање од ковид 19, ја посочи важноста на лабораторијата, со оглед на фактот дека пандемијата на светско ниво ќе трае подолг период.
-Во изминатиот период и централната и локалните власти покажаа навистина една висока одговорност во однос на заштита на здравјето на граѓаните и вакви иницијативи ќе има се повеќе во иднина, бидејќи е од јавен интерес и е од огромно значење на граѓаните, истакна Павлески.