Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја организира традиционалната поетска средба по повод одбележувањето на 151годишната на рагањето на апостолот на Македонија, Гоце Делчев.
Преку поезијата посветена на Гоце Делчев поетите од Сиднеј го отпеваа животот и делото на македонскиот револуционер кој го даде животот за слободна Македонија. Покрај одбележувањето на 151 годишницата од раѓањето на Гоце Делчев, се водеше дебата и за сегашната политичка состојба во Република Македонија каде преовладува пессимистичка и поразителна платформа со цел да му угоди на хегемонистичка Бугарија и Европа.
Реалноста е што одстапките што ги прави сегашната како и поранешната влада на Република Македонија се анти-национални, со цел да ја уништи историјата, јазикот и македонската држава. Се подвлече дека Гоце Делчев е Македонец се бореше за Македонија и никој не смее да се пазари со Бугарија која има единствена цел да ја избрише македонската нација.