Точно 180 лица се новозаразени од коронавирус во изминатите 24 часа. Оваа бројка е највисока во изминатите неколку месеци откако во Македонија беше регистриран прв случај на коронавирус.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Направени се и рекордни 1272 тестови. Два пациенти кои биле хоспитализирани починаа, а 8 се излекувани во изминатите 24 часа.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од
почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е
1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во
земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети
утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест.
Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје 1158, активни 552
• Куманово 526, активни 110
• Дебар 52, активни 1
• Штип 142, активни 104
• Прилеп 217, активни 31
• Тетово 257, активни 100
• Струга 91, активни 19
• Велес 138, активни 28
• Битола 29, активни 3
• Охрид 25, активни 8
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 41, активни 20
• Гевгелија 6, активни 2
• Струмица 5, активни 3
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 2, активни 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 3, активни 3
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена
–136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода
–111 и МАНУ -91.
Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.
Од
вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во
рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на
ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.