Don't Miss
Home / Колумни / Во корист на сопствената штета

Во корист на сопствената штета

                  

Од понеделник  12-ти февруари, сите лични документи на кои стои старото и би рекле “ историско “ме „Република Македонија” нема да важат.Тоа се однесува и на оние лица кои имаат валидни документи.

Од вторник  13 февруари 2024 година, сите оние кои немаат лични документи или патни исправи со новото уставно име, Репулика Северна Македонија   нема да можат да ја преминат државната граница.

Од понеделник 12 февруари невалидни стануваат и важечките патни исправи на кои стои старото име Република Македонија. Тој пасош, или друг личен документ, на кој стои името Република Македонија заминува во историјата.

Дури и најтврдокорните македонски патриоти, кои не сакаа да слушнат да го сменат пасошот, или личната карта, на кои  ќе пишува Република Северна Македонија доколку сакаат привремено или стално да заминат надвор од границите на Македонија ќе мора да поседуваат  патна псправа, или лична карта на кои ќе пишува Република Северна Македонија.

Ова деновиве го призна и новиот технички  министер за внатрешни работи кој не успеа да ја убеди амбасадорката на Грција за суспендирање на таквата одлука и пролонгирање на рокот додека на сите граѓани на Македонија им се издадат  нови патни исправи и лични документи со новото уставно име на Република Северна Македонија.Иститие законски прописи важат и за возачките дозволи.

Од понеделник 12  февруари не само надвор од државата, туку ни една друга,  ниту државна или владина  институција нема да ги смета за валидни документите на кои ќе стои името на Република Македонија.

Издадените лични карти, пасоши и возачки дозволи кои се со важечки датум, но го содржат името Република Македонија  важеа до 12 февруари 2024 година и оттогаш се со поминат рок, велат од  Министерството за внатрешни работи.

   „Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат. Со стара патна исправа нема да може да се преминува граница, ниту пак ќе биде прифатена како документ во институциите и со стара возачка дозвола нема да може да се управува моторно возило, велат од МВР.

            Од понеделник 12 февруари за Македонија и македонските граѓани стапува на сила Договорот од Нивице, познат како Преспанскиот договор, со кој се “реши” спорот  со  соседна Грција за симнување на ветото за продолжување на  европските интеграции на Македонија, а кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година во Преспа

            Иако роковите за смена на патните исправи и личните документи почнаа да течат со промената на Уставот во февруари 2019-та година, за жал цели 5 години не само граѓаните, туку и надлежните државни и владини  институции си спиеја на уши и уво не го болеше дали ќе се успее до 12 февраури 2024 година граѓаните на Македонија да ги сменат (не)важечките документи кои имаа рок на траење до 12 февруари оваа година.

Иако беа свесни дека крајниот рок се ближи за жал и Владата опседната со дневните политички (не)прилики и граѓаните не се секираа (пре)многу дали ќе го фатат  крајниот рок за смена на документите.

Напротив државата иако свесна дека роковите се мали тие на граѓаните до последен момент им издаваа патни исправи под името Република Македонија на некои дури со важност до 2030 годна  и  не започнаа навреме да издаваат лични документи со новото име Република Северна Македонија.

            Имаше случаи кога  некои граѓани кои вадеа лични документи во текот на 2021 година, повторно ги добиваа со старото име Република Македонија.

Сега и тие одново треба да вадат  нови документи.

            Кога станува збор за македонските граѓани мене ми е сосема јасно зошто тие се доведоа во ваква ситуација. Ние како народ сме познати дека многу не му се секираме за роковите и мислиме дека се ќе завршиме во минут до 12.

            Но не ми е јасно и никако не можам да разберам и сфатам како кон исполнувањето на ова барање од Преспанскиот договор лежарно, а би рекол дури и крајно неодговорно се однесуваа надлежните институции и државни органи.

            Зарем тие не беа свесни и не знаеја дека роковите течат и навреме да почнат да им издаваат патни исправи и лични докумнети на граѓаните со новото уставно име, кое тие го прифатија.

            Како можеа државните институции да се доведат себеси во ситуација и за пари да не можат да им издадат навреме лични докумнети и патни исправи.

            Или пак надлежните државни институции и владините министерства за внатрешни и надврешни работи мислеа дека ќе ги (раз)убедат Грците да ги пролонгираат роковите.

            Како државните служби се доведоа во ситуација да не можат да крајниот рок да ги остават стотици илјади граѓани без нови патни исправи и важечки лични документи.

            Зарем никој не се запраша како ќе функционираат граѓаните по истекот на рокот 12 февруари.

            Како сега власта и претходната политичка и оваа т.н. #техничка “ влада  ќе им објасни на оние граѓани кои останаа без  важечки патни исправи како да ги излезат или влезат во државата.

            Како сега ќе се справат со своите проблеми оние  граѓани кои се во странство или се тука, а имаат намера да заминат од државата.

            На овие непредвидени и непланирани проблеми се жалат голем број граѓани кои ни криви ни должни останаа заробеници во својата држава или надвор од неа.

            Скандалот со пасошите и другите лични документи  на најдобар начин ја потврди нашата неажураност и некадарност навреме да си ги завршуваме работите.

            Власта уште по потпишувањето на Преспанскиот договор требаше постојано да ги информира граѓаните дека треба до 12 февраури 2024 година да си ги сменат личните документи. Или пак таа намерно си седеше на ушите за да не ги взонемирува своите граѓани со новото име на државата,  кон кое најголемиот број од граѓаните имаа(т) анемозитет.

            За разлика од граѓаните, кои немаа таква обврска надлежните државни институции, особено Министерствата за внатрешни и надворешни работи мораа максимално да се агажираат не само навреме да ги информираат граѓаните за смена на личните документи, туку и да се подготват да испечатат доволен број лични документи и патни исправи за сите свои граѓани кои живеат во државата и оние кои ја напуштија Македонија.

            Ваков јавашлук  државата не смееше да си дозволи.

            Надлежните државни и владини служби и институции треба(ше)да знаат дека тие се сервис на граѓаните, бидејки се платени од нив.

            Но тие опседнати од претстојните претседателски и парламентарни избори едноставно заборавија на своите обврски и должности и дури сега, откако возот замина се сетија дека стотици илјади граѓани на Македонија ќе ги остават без важечки документи.

            Ако државните власти заборавија на своите обврски стручните служби, кои се соочуваа со пробелемите и знаеја дека доколку продолжи јавашлукот нема да стигнат да испечатат за сите граѓани документи со новото име на државата, требаше на своите претпоставени дека доколку не се забрза процесот луѓето ќе останат со прстот в уста.

            На проблемот со личните докумнети во последен момент се сети и опозицијата која  решавањето на истиот се обиде да го реши со поднесување иницијатива за уставни измени или молење кај амбасадорката на Грција.

            Тоа што посебно загрижува е што и по овој скандал никој не сносеше никаква, па макар и морална одговорност.

            Едноставно како и во редица  други случаи се се одвива по онаа стара филозофија “Кучињата лаат, карванот си врви# или “Секое чудо за три дена #

             Сега кога на сите име е јасно што ќе ги снајде по 12 февруари останува да се надеваме дека од ова ќе извлечеме поука  и дека во идна нема да ни се случуваат вакви недовкавакани работи.

            Но овој пат мораме да признаеме дека       влста работеше во орист на сопствената штета, од која најдебелиот крај го извлекоаа обичните граѓани, кои ни криви ни должни останаа без важечки патни исправи и лични документи.

            На крајот, сега кога ни стана јасно дека Грција доследно го почитува Меѓународниот договор од Нивице, ми се чини  крајно време е и ние како држава да добро да го прочитаме Преспанскиот договор и да видиме колку Грција го почитува и   спроведува истиот.

             За да се увериме во тоа дека Грција  уво не ја боли за истиот и  неговото спроведување не треба да се оди далеку. Доволно е да одиме до Граничниот премин “Меџитлија “ каде  ќе видиме дека ние за Грците  сеуште сме “Фиром” или “Скопјани”

            Но тоа не ги спречува нивните граѓани без никакви проблеми да ја посетуваат Македонија.           

            За неисполнувањето на нивните обврски од Договрот кај нас нема кој да  праша или да ги потсети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*