Don't Miss
Home / Вести / Во Новаци по 6.000 денари за секое прваче

Во Новаци по 6.000 денари за секое прваче

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски денеска беше заедно со  првачињата, поздравувајќи ги и посакувајќи им успешен почеток на учебната година.

            -На првачињата им посакав да се радуваат на овој ден бидејќи денес започнува една нова фаза од нивниот живот, каде ќе се стекнат со многу знаења и вештини во текот на образовниот процес кој ќе им овозможи да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа ќе си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот.

            Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари.Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, изјави  градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

            -Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ.Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Инаку во  ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2022/2023 година се запишаа вкупно 224 ученици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*