Утринава на патот Ресен – Битола, кај Макази се случи тешка сообраќајна несреќа во кој повредени се два моторциклисти од кои едниот потешко и се наоѓа во животна опасност.
До несреќата дошло кога се судрил моторциклист со патничко возило.
Лицето кое го управувало моторот се стекна со сериозни телесни повреди и се наоѓа на интнзивна нега во Клиничката болница, а со сериозни повреди е и лицето кое се возело на моторот.
Засега не се знае како дошло до судирот и кои лица учествувале во сообраќајната несреќа.