Деновиве Центарот за јавно здравје Битола, кој редовно го следи квалитетот и безбедноста на водата за пиење од планинските чешми во Националниот парк Пелистер, излезе со сериозно предупредување дека водата за пиење од чешмите на Пелистер е бакетриолошки неисправна.
Од Центарот за јавно здравје Битола велат дека водата за пиење е неисправна и од чешмите од потпелистерските села Трново и Магарево.
При извршената микробиолошка и хемиска анализа и врз основа на добиените резултати од испитувањата може се утврди дека 100 проценти од испитаните примероци, водата од чешмите на Пелистер е бактериолошки неисправна.
Dali mozi da se dade po precizen podatok. Dali se raboti za vodata delot na Pelister koi zapocnuva od Kopanki pa nadolu do selata Trnovo j Magarevo ipodolu. Ili se odnesuva za vodata od celiot del na Baba planina poznat kako Pelister