Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува честитка за празникот 2 Август и апелира возачите внимателно и одговорно да управуваат со моторните возила за време на претстојниот продолжен празничен викенд.
Во овој период вообичаено се зголемува бројот на моторни возила и учесници во сообраќајот, со што расте и можноста за сообраќајни незгоди.
Затоа, РСБСП апелира на сообраќајна култура, етичност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот со што ќе се придонесе за безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата.
РСБСП упатува потсетување до возачите:
• Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација.
• Користете сигурносен појас.
• Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол.
• Прилагодете ја брзината според условите на патот.
• Не го потценувајте заморот. Доколку патувате на подолги релации, задолжително правете почести паузи за одмор и освежување со вода и безалкохолни пијалоци.
• Не користете мобилен телефон додека управувате со моторно возило.
• Одржувајте безбедно растојание и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.
• Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.
Сите заеднички да придонесеме доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и безбедност на другите учесници во сообраќајот.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува безбеден продолжен празничен викенд.
Комерцијална објава