Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.
Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:
• почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,
• користете сигурносен појас,
• возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,
• не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,
• возете со технички исправно возило,
• прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,
• не зборувајте на мобилен телефон додека возите,
• внимавајте на секој учесник во сообраќајот.
Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Комерцијална објава