Don't Miss
Home / Вести / Врачени четвртоноемвриските награди на Битола

Врачени четвртоноемвриските награди на Битола

               

                На факултеот за информатичко општество во Битола денеска беа врачени највисоките општински признанија, нагрдата 4 Ноември.

        Годинашната награда на Општината Битола, 4 Ноември за животно дело  му припадна на битолскиот композитор и текстописец, авторот  на антологиската  песна „Ако одам во Битола”   Петар Георгиев-Калица.

Покрај големата плакета, на добитникот на признанието му беше доделена и парична награда во износ од 60.000 денари.

        Петар Георгиев-Калица, ианку адвокат во пензија,  се прослави со песната “Ако одам во Битола “за која ја напиша музиката и текстот, а  прв пат ја изведе Октетот Македонија.

Покрај анталогиската песна “ Ако одам во Битола Петар Георгиев Калица има напишано и голем број други песни за разни музички фестивали.

Управниот одбор за доделување на највисокото општинско признание, наградата 4 Ноември одлучи годинава,  да додели и 5 награди за едногодишни остварувања.

        Добитници на наградата за едногодишните остварувања се познатиот битолски неврохирург, доцент  Владимир Рендевски, Македонското научно друштво Битола, продуцентот и организатор на манифестацијата

“ Незаборав” и сатиричниот весник “Без навреда” Панде Димитровски, директорката на детската градинка “ Естреја Овадија Мара “, Лидија Твирст Митревска и ракометната судиска  двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*