Денеска на 57 годишна возраст од компликации на Ковид 19 почина Елизабета Јанкова , дипломиран технолог, здравствен работник од Центарот за јавно здравје Битола.
Јанкова повеќе од три и пол децении беше дел од битолското здравство и сега во екот на пандемијата несебично се вложуваше во извршувањето на работните задачи.
Јанкова е втора жртва здравствен работник од Ковид-19 во битолското здравство.
Да потсетиме пред една недела во Клиничката болница во Битола почина медицинска сестра од одделението за хирургија. С