Коментирајќи ја констатацијата на еден битолчанец, која ја видел на “фејсбук “ дека некогаш Игор Џамбазов наводно изјавил дека Битола е најголемо село во Македонија, популарниот шоумен и водител Игор Џамбазов, колнејќи се во коските на неговата покојна мајка Анче, категорично негирајќи ги таквите констатации изјави:
-Никогаш не сум изјавил дека Битола за мене била најголемо село. Напротив, за мене Битола и Струмица се најубавите и единствените вистински градови во Република Македонија. За мене најголемо село во државата е Скопје, изјави Џамбазов во интервју за ТВ “ Тера “ кој воедно изјави дека доколку некој најде изјава каде што наводно изјавил дека Битола е село, подготвен е јавно да се извини не само на битолчани, туку и на целата македонска јавност.
Б.В.
Tagged with: изјава негирање Скопје