Денеска во Министерството за транспорт и врски се одржа работна средба меѓу министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
На состанокот беа разгледани статусите на реализација на повеќе проекти за кои е потребна документациска и урбанистичка поддршка од Министерството, а кои пред се’ се однесуваат на инвестиции во обновливи извори. Воендо беше договорено забрзување на динамиката на инвестициските проекти на АД ЕСМ.
На средбата стана збор за проектите за фотонапоските електрани во Осломеј, проширувањето на ветерниот парк Богданци, Топлификацијата на Битола, Новаци и Могила, проектот Чебрен, како и околу наследените правни проблеми со новата деловна зграда на АД ЕСМ и неможноста поради истите објектот да се стави во употреба.
Утврдена е и насока за поинтензивна комуникација меѓу двете институции со цел предвидување на потребните активности во надлежните акти на Министерството заради навремена подготовка на теренот за идните планирани инвестиции.