Оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме во услови на пандемија и сериозни здравствено-економски предизвици. Кога се покажува дека слободата на медиумите и на изразувањето, како и безбедноста на новинарите, се суштински и витално значајни во борбата со коронавирусот, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Им благодарам на медиумите за професионалниот и одговорен пристап за време на оваа криза.
Овој ден нè повикува да останеме посветени на тоа на медиумите и на новинарите да им бидат обезбедени сите услови за слободен пристап до информациите, навременото и објективно информирање за најрелевантните аспекти. Тоа се најефикасните средства за медиумите, како клучни фактори во справувањето со вирусот и за безбедно враќање во новата нормалност.
Само така ќе ја запреме „инфодемијата“ и последиците од гласините и дезинформациите кои ја попречуваат борбата што побргу да се стави крај на заканите од коронавирусот.
Нека е честит Светскиот ден на слободата на медиумите“, посочи Заев.