Don't Miss
Home / Избори 2021 / Заев повика на единство и гласање за Христо Кондовски

Заев повика на единство и гласање за Христо Кондовски

               

        Вечерва пред реновираниот Офицерски дом во Битола,  СДСМ одржа граѓанска трибина на која  пред голем број членови и симпатизери какои граѓански здруженија и коалициони партнери говореа  кандидатот за градоначалник на Битола, Христо Кондовски и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

        Христо Кондовски во своето обраќање повика  на масовно излегување на гласање во вториот круг.

        Тој вети дека доколку ја освои довербата на битолчани ќе ги реализира сите прокети кои што ги промовираше во изборната кампања.

 Преку градење на  современа инфраструктура, локален економски развој, преку враќање на младите  Битола ќе стане европски град, во кој работа нема да има само за тие кои нема да сакаат да работаат.

-Тој истакна дека како истекант бизнисмен ќе се вложи со сиот свој капацитет Битола да биде современ град, од кој младите нема повеќе да се иселуваат.

        Посебен акцент во неговата програма ќе биде ставен на развојот на зимскиот туризам кој ќе биде најголем извозник од кој ќе се полни општинската  каса.

Кондовски  вети професионална и ефикасна јавна администрација, измена на ГУП и брзо решавање на барањата на инвеститорите за интензивна изградба, како и решавање на барањата за легализација на објектите на  граѓаните кои со години  не се решаваат.

 Претседателот на СДСМ – Зоран Заев на граѓаните им порача дека  на 31 октомври треба да се обединат сите прогресивни сили во Битола да победи Христо Кондовски.

-Ние на 17 октомври ја примивме пораката. Признаваме дека имавме и слабости, можеби и грешки, кои откакао ги воочивме ги признаваме и корегиравме.Но секој изгубен глас, опструкции и седење дома е глас за враќање на режимот,за кој ни требаа години и децении  борба да го срушиме.

Заев повика на масовно излегување на гласање и давање поддршка за кандидатот за градоначалник Христо Кондовски, кој е успешен бизнисмен и докажан професионалец кој ќе ја препороди Битола.

Секоја општина е важна, но особено е важно да ја задржиме Општина Битола. СДСМ учи, се менува и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните.

Со чист образ, сакам да побарам од вас да дадeте шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат во минатото.  Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел.  Во име на се што постигнавме досега, сакам да пратам порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, во огромна неизвесност и криза,  истакна Зоран Заев, силно поздравен од присутните граѓани.

Инаку колку на СДСМ му е важно да победи во Битола, најдобра потврда е што до 31 октомври со Изборниот штаб ќе раководи генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовси, кој од вчера  се“пресеили “ во Битола.

Инаку и на денешната  трибина не присуствуваше актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, која последните денови од членови на партијата е обвинета дека повредена од тоа што неа не ја предложиле да се бори за втор мандат  формирала паралелен изборен штаб кој работел против изборот на Христо Кондовски, за градоначалник на Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*